• Саше Љолес
Репрезентацијата на Јапонија продолжува со одличните игри и славеше нов триумф во квалификациите за Светското првенство, откако без проблеми ја надигра Саудиска Арабија со конечни 0-2 (0-1).
„Самураите“ имаа предност на паузата со голот на Даичи Камада во 14. минута, а конечниот резултат го постави Коки Огава, кој биеше на девет минути пред истекот на регуларното време.
Саудијците имаа неколку добри шанси, но не успеаја да постигнат ниту почесен погодок, што доведе до големо разочарување меѓу избраниците на селекторот Роберто Манчини. Во оваа група е и селекцијата на Австралија, која славеше со сигурни 3-1 над Кина, додека Бахреин и Индонезија ремизираа со конечни 1-1.
Јапонија е лидер во својата конкуренција со 9 бода и има импресивна гол-разлика од 14-0, додека Австралија, Саудиска Арабија и Бахреин имаат по четири бода.

