• Зоран Мишевски

Поранешниот италијански шампион, Сампдорија од Џенова, се соочува со голема криза и стравува и од испаѓање од Серија Б. Клубот од Лигурија се одлучи за втора тренерска смена во екот на сезоната 2024/25.
Ново име на клупата е Леонардо Семпличи, искусен тренер кој во својата кариера ги водел Специја, Каљари, СПАЛ, Пиза...
Семпличи доаѓа како замена за Андреа Сотил, кој седна на клупата минатото лето на местото на Андреа Пирло. Сотил не издржа долго и немаше премногу успех со клубот од Џенова, па го плати цехот со отказ.
Сампдорија се наоѓа на петнаесеттата позиција во Серија Б.