Сампдорија го заврши периодот на самоизолација, но регистрира нов позитивен фудбалер

Екипата на Сампдорија беше најпогодена од коронавирусот меѓу елитното друштво во Серија А. Овој колектив беше во самоизолација, која заврши во текот на вчерашниот ден, што самиот тим го објави на својата веб страница.

Сепак, покрај веќе заразените фудбалери парагвајскиот амбасадор во Италија призна дека играчот за врска на Сампдорија, Едгар Барето е тестиран позитивен на вирусот. 

35-годишникот е веќе седмиот заразен играч од овој тим, по Габиадини, Екдал, Ла Гумина, Торсби, Депаоли и Березински. Освен Едгар, позитивна на вирусот е и неговата сопруга, па одлуката за крај на самоизолацијата на целиот состав е контрадикторна. 

Барето го носи дресот на Сампдорија од 2015 година, кога како слободен играч се придружи од Палермо, а досега одигра 110 натпревари за тимот од Џенова.