ВИДЕО: Само уште тоа фалеше - сантиметри го делеа Меси од гол со „ножички“ и хет-трик!

Лионел Меси подели уште една лекција по тотален фудбал и на злите јазици им покажа дека во дресот на Барселона секогаш е најдобар - и во групната и во нокаут-фазата. Вечерва даде два гола против Манчестер Јунајтед, а сантиметри го делеа од трет и тоа не било каков.

Во финишот на дуелот со „ѓаволите“ Меси со „ножички“ се обиде да го матира „разнишаниот“ Де Хеа и само неколку сантиметри го спасија Јунајтед од четврти гол.

  • „Ножичките“ на Меси против Манчестер Јунајтед:  

Барселона се врати во полуфиналето на Лигата на шампионите, а веројатно и кај бубмејкерите ќе ја истaкне кандидатурата за освојување на натпреварувањето.