ФОТО: Само сигурна европска победа е опција за вардарци во Скопје

Екипата на Вардар го одржа официјалниот тренинг пред мечот со Ла Фиорита од Сан Марино и само победата е во мислите на црвено-црните.

Куп-освојувачот е апсолутен фаворит со ривалот во Конференциската лига на УЕФА, а се очекува допадлив дуел на тимот на Седлоски во Скопје со кој ќе се обезбеди добра залиха пред реваншот на гости.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во четврток со почеток од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. На центарот ќе бидат Андорци. Антоан Кјарамонти е главен судија, ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.