ВИДЕО: Само што влезе, Нкетиa поради опасен старт доби црвен картон

Фудбалерите на Арсенал играат во добра форма по рестартот на сезоната во Премиер лигата и по воведните два порази влегоа во серија и врзаа четири победи. Вечерва долго водеа против Лестер, но во финишот со човек помалку гостинот стигна до реми (1-1).

Денешната средба против Лестер ја реши погодокот на Пјер Емерик Обамејанг уште во првиот дел, а и Лестер и Арсенал имаа по еден поништен гол. 

Голем пех доживеа младиот напаѓач, Едвард Нкетиa, бидејќи откако беше внесен во игра во 71. мина само две минути на теренот и заработи исклучување поради опасен старт. 

  • Стартот и исклучувањето на Нкетиа:

Иако имаше дилеми и полемики, на главниот судија му беше потребен само еден поглед да утврди дека младиот фудбалер стартувал опасно. Исклучувањето на Нкетиа беше „ветер во грб“ за Лестер и преку Варди стигна до бод на гостувањето на „Емирати“.