Само што се врати, пак се повреди: Нови грижи за Мареска и Челзи

Челзи им се врати на победите во Премиер лигата, но и натаму има проблеми со повредени фудбалери.

Менаџерот Енцо Мареска ја информира јавноста за состојбата на напаѓачот Лиам Делап.

„Сè уште не знаеме колку долго Делап ќе биде надвор од терените. Може да бидат две, три, четири недели. Сè уште не знаеме со сигурност“, рече Мареска.

29-годишниот Англичанец заработи повреда на рамото на натпреварот против Борнмут и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта во вторникот.