Само што дојде, а фановите на Челзи се незадоволни од Тухел: „Циркузот продолжува“

Страстите меѓу навивачите на Челзи не стивнуваат ниту по пристигнувањето на Томас Тухел. 

Френк Лампард заработи отказ, па „сините“ се решија клупата да му ја доверат на германскиот стратег кој веќе тренираше со тимот и го водеше тимот во Премиер лигата уште денес. Иако има добра репутација и веќе работеше во Борусија Дортмунд и ПСЖ, Тухел веројатно не им е по „кеиф“ на фановите на Челзи. 

Утрово пред клупскиот комплекс беше истакната порака на платно која велеше: „Циркусот продолжува“, што е повеќе од јасно за што се зборува. Сега на Тухел останува да се докаже и да го изнесе Челзи од кризата и на посакуваниот пак.