• Зоран Мишевски

Македонската фудбалска репрезентација не знае за пораз од 11 јуни 2017 година, кога во Скопје загуби од Шпанија со 1-2. Ова е најдолг интервал од седум последователни натпревари со позитивни резултати, а поразите од Шпанија во Гранада и Скопје се единствени на последните 12 натпревари.
Овие постигнувања на селекцијата на Игор Ангеловски се најдолга серија на еден наш селектор без пораз, а скокот на ФИФА листата, иако не е наш најдобар пласман на сите времиња, е најголем скок во краток временски интервал.
Позитивна серија на македонската репрезентација:
Израел – Македонија 0-1
Македонија – Албанија 1-1
Италија – Македонија 1-1
Македонија – Лихтенштајн 4-0
Македонија – Норвешка 2-0
Финска – Македонија 0-0
Азербејџан – Македонија 1-1
Шесте средби од Лигата на нации во период од три месеци се убава шанса нашата серија да продолжи и да се надгради. Евентуален успех во групата на Лигата на нации ќе ни даде „ветер в грб“ пред ждрепката и почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.