• Зоран Мишевски
Колумбија и Перу одиграа без голови во натпреварот од 15. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
- Колумбија - Перу 0-0:
Колумбија беше подобар противник, имаше повеќе удари кон голот (дури петнаесет) и многу повеќе посед на топката (71%-29%), но не создаде доволно зрели шанси за да го загрози голот на Педро Галеао. Со ова нреми, Колумбија ја продолжи серијата без победа на пет натпревари во квалификациите и остана со само две победи во последните десет натпревари.
- Венецуела - Боливија 2-0:
Лоша вест за нив е победата на Венецуела над Боливија, па Колумбија на шестото место е само три бода пред седмопласираната Венецуела. Во КОНМЕБОЛ зоната првите шест селекции имаат директно место на Мундијалот додека седмопласираната мора да игра меѓународен пле-јоф натпревар.
Колумбија ја пропушти шансата да ги мине Уругвај и Бразил. Остануваат уште три кола до крајот на јужноамериканските квалификации и со оглед на тоа што Колумбија има предност од седум бода во однос на осмопласираната Боливија, има барем сигурен плеј-оф, но јасно е дека ќе сакаат да го избегнат и директно да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година.
За само три дена, екипата на Нестор Лоренцо ќе патува во Аргентина и ќе игра на гости кај „гаучосите“, а пред крајот на квалификациите им остануваат натпревари против Боливија и Венецуела. Колумбија не учествуваше на последното Светско првенство во 2022 година во Катар.