Само еден пар се повтори во двете ждрепки во Нион

Челзи

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да направи нова ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите, по неколкуте контроверзни моменти поради проблем со софтверот на првичното извлекување. Некои екипи се задоволни што тоа се случи, други ќе бидат лути, со оглед на пеколната ждрепка која ја добија во повтореното влечење. Само една екипа не го промени првичниот план во однос на нокаут фазата, а тоа е бранителот на титулата Челзи.

Тимот на Томас Тухел во двата наврати беше извлечен против француски Лил. Се очекува европскиот првак да нема поголеми проблеми да стигне до четвртфиналната фаза од натпреварувањето.

Реакции се очекуваат од Реал Мадрид, кој наместо против Бенфика, сега мора да се надигрува со ПСЖ на Лионел Меси и Серхио Рамос. Атлетико Мадрид одново доби големо име за ривал во Манчестер Јунајтед, а Интер ќе има тешка задача против Ливерпул на Јирген Клоп.

Пролетниот дел од сезоната во Лигата на шампионите продолжува во февруари и март, кога се закажани осминафиналните дуели.