Само еден играч за врска е подобар од Елмас во евро-квалификациите! 

Фудбалската репрезентација на Македонија, можеби ја загуби првата шанса за пласман на Европското првенство во 2020 година, но на овие квалификации доби играч за во иднина.

По фантастичните партии нема повеќе дилеми дека Ељиф Елмас во годините пред нас ќе биде еден од најважните, ако не и најважен играч во нашата селекција. Во последниот период Елмас играјќи за Наполи доживеа целосна играчка афирмација, а одличните игри ги пресликува и во репрезентативниот дрес. 

Со четири гола во досегашниот дел од квалификациите, Елмас е најдобриот стрелец на Македонија, а гледајќи го генералниот пласман само еден играч за врска има постигнато повеќе голови од него. 

Се работи за асот на Ливерпул, Вајналдум, кој за својата Холандија запиша пет гола. Кога во прашање се играчите за врска по четири гола уште имаат и Баркли (Англија), МекГин (Шкотска) и Гојак (БиХ). 

Инаку, најдобар стрелец во квалификациите се напаѓачот на Израел, Еран Захави со 11 постигнати гола, еден помалку има Русинот Џуба, а англискиот двоец Кејн и Стерлинг запишаа по осум погодоци.