Само еден играч со македонски корени во моментов ужива во фудбал

Во Европа во моментов се игра фудбал само во еден шампионат, а тоа е Белорусија, каде навивачите и играчите уживаат.

Коронавирусот нема голем замав во земјата, па затоа спортистите се активни. Фудбал се игра пред навивачи, луѓе од целиот свет доаѓаат да ги следат натпреварите, а ТВ-правата се продаваат како никогаш досега.

Кога се работи за македонските фудбалери директен претставник немаме во белоруската лига. Постои само еден играч со македонски корени што игра, а тоа е Марко Павловски, кој ги брани боите на Динамо Минск.

Павловски има 26 години, а има македонско потекло по родителите. Македонија му нудеше да игра за нашиот национален тим кога селектор беше Чедомир Јаневски, меѓутоа тој не се одзва, а потоа се одлучи да игра за Србија, но никогаш не се истакна во сениорскиот тим.

Марко Павловски и Динамо Минск имаат три меча во белорускиот шампионат, на кои забележаа една победа и два порази. Во претстојната седмица следи настап и во Купот на Белорусија.