Само еден играч на Баерн ги одигра сите минути во Бундеслигата оваа сезона!

Екипата на Баерн Минхен успеа да дојде до трофеј во Бундеслигата, а само еден играч настапи на сите натпревари и ги одигра сите минути во германската фудбалска елита.

Се работи за десниот бек Џошуа Кимих, кој играше од првото до последното коло, на сите натпревари, по 90 минути.

Во Бундеслигата тој одигра 34 меча сезонава, а даде два гола и додаде уште 14 асистенции. Кимих со тоа успеа да дојде до исто достигнување како она на Филип Лам, од сезоната 2010/11 година.

Баерн Минхен дојде до рекордната 29-та титула во Бундеслигата и по бројот на трофеи е далеку пред сите на врвот на вечната листа.