Само еден град се согласи да биде домаќин на натпреварот Италија - Израел

Италијанската фудбалска репрезентација ќе го пречека Израел во рамките од третото коло

Изборот Италија да го игра натпреварот против Израел во Удине дојде по одбивањето на многу градови да бидат домаќини на натпреварот поради конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Во изминатото коло Белгија го пречека Израел во унгарскиот град Дебрецен, а натпреварот се одигра пред празни трибини. Удине, кој се наоѓа во североисточна Италија, последен пат беше домаќин на националниот тим во март 2019 година кога гостуваше Финска.

Пред да го пречекаат Израел, избраниците на Лучијано Спалети ќе играат против Белгија на „Олимпискиот стадион“ во Рим.