„Само еден фудбалер на Ливерпул би можел да игра за историскиот тим на Јунајтед од 1999“

Ливерпул доминира во Премиер лигата како никој досега во последните десет години во највозбудливото фудбалско натпреварување на светот. „Црвените“ се пред освојување на титулата по пауза од 30 години, а досега по 25 натпревари имаат 24 победи и само едно реми (на гости кај Манчестер Јунајтед).

Јирген Клоп речиси со совршенство го составува својот прв тим, за Ливерпул играат неколку фудбалери од светска класа, но според поранешниот англиски селектор, Стив Мекларен смета дека само еден играч од овој тим на Клоп би имал место во историскиот на Сер Алекс Фергусон, оној кој во 1999 година освои тројна круна. 

„Ако бидам сериозен, само Ван Дајк би имал место во тој тим на Јунајтед. Тој Манчестер беше исполнет со лидери и токму тие беа клучот на успехот. Ливерпул и Клоп допрва треба да го гради тоа, бидејќи без лидери тешко дека ќе остане на врвот“, вели Мекларен. 

Ливерпул има шанса да ја повтори таа незаборавна 1999 на „ѓаволите“, затоа што сè уште е жив и во Лигата на шампионите и во ФА Купот.