• Горан Упале
Најквалитетното клупско фудбалско натпреварување, Премиер лигата, е пред самиот крај, а раководството на англискиот шампионат ја објави листата од осум играчи номинирани за наградата за најдобар фудбалер на сезоната.
На неа се вклучени само две супер-ѕвезди, тоа се членовите на Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. Шампионот има уште еден кандидат – играчот од средниот ред Рајан Гравенберк, а на листата се најдоа уште Крис Вуд и Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест, напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, Деклан Рајс од Арсенал и Рајан Мбеумо од Брентфорд.
It’s time to vote for your @EASPORTSFC Player of the Season
— Premier League (@premierleague) May 15, 2025
Од сегашните кандидати, играчите на Ливерпул, Салах и Ван Дајк, претходно ја освоија наградата во 2018 и 2019 година. Минатата сезона добитник беше Фил Фоден од Манчестер Сити, кој сезонава имаше разочарувачки настап.
Во соопштението на Премиер лигата се вели дека навивачите можат да гласаат за најдобар играч и менаџер на сезоната до 19 мај. Потоа овие гласови ќе се комбинираат со оние на фудбалските експерти за да се изберат победниците, кои ќе бидат објавени на крајот од сезоната во Премиер лигата.