Само две ѕвезди не добија ниту еден глас за „Златната топка“, една од нив е Модриќ!

Заврши уште едно доделување на „Златната топка“ и како и секогаш – има победници и губитници. Се чини дека најголем добитник е Лионел Меси, кој оваа престижна награда ја добива по рекорден седми пат.

Во трката за признанието, кое што го доделува „Франс Фудбал“, аргентинскиот ас собра само 33 бода повеќе од Роберт Левандовски, кој имаше фантастична година со 54 постигнати гола на 40 натпревари.

Но, се чини дека голгетерот на Баерн Минхен не е најголемиот губитник, затоа што двајца фудбалери кои се најдоа во потесниот избор (триесет најдобри), не добија ниту еден глас. Се работи за капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета и асот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој со оваа награда ја доби пред три години.

Шпанецот и Хрватот завршија со нула поени, додека Меси собра 613, а Левандовски 580.