ВИДЕО: Само Динамо непоразен, реми за Велковски и враќање на победите за Хајдук

Првакот Динамо Загреб е единствена непоразена екипа по пет одиграни кола во Хрватскиот фудбалски шампионат. „Модрите“ на Бјелица по европските успеси против Ференцварош славеа против соседот Интер Запрешиќ со 1-2 со головите Атиенвен. Нашиот Аријан Адеми не настапи. 

Хајдук им се врати на победите, откако во претходното коло се сопна во Осијек. На „Пољуд“ падна Горица со 3-0 со головите на Хаиро (два погодоци) и Јаруновиќ.

Дарко Велковски одигра цел натпревар во ремито на Ријека и Осијек (1-1), а Ејупи мина 76 минути на теренот во триумфот на Славен Белупо во Пула против Истра 1931 со 2-3. 

  • Хајдук - Горица 3-0: 

  • Интер Запрешиќ - Динамо Загреб 1-2: 

  • Ријека - Осијек 1-1: 

  • Истра 1961 - Славен Белупо 2-3: 

Веќе следниот викенд двајцата македонски репрезентативци ќе играат меѓу себе. Лидерот Динамо Загреб (13 бода) го пречекува третопласираниот тим на Ријека (10 бода), па се очекува соочување на Адеми и Велковски.