Само Чеферин ги поддржа европските клубови, ФИФА го смени форматот на СКП

Иако поголемиот дел од европските фудбалски гиганти беа против реформи во Светското клупско првенство, ФИФА не им излезе во пресрет и донесе конечна одлука и нов формат на ова натпреварување. 

На денешниот состанок на Советот на УЕФА во Мајами, претседателите на сите шест конфедерации изгласаа проширување на СКП, и од 2021 година истото ќе брои дури 24 клубови, но ќе се одржува на секој четири години. 

Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ... се само дел од европските гиганти кои беа против оваа идеја на ФИФА, со образложение дека со ваков формат нема да имаат доволно време да ги одморат своите фудбалери, но не наидоа на разбирање од Светската куќа на фудбалот. 

Единствен кој ги поддржа беше првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, додека останатите пет претседатели на конфедерациите гласале „за“. Овој формат своето премиерно издание ќе го има во летото 2021 година, а на истото од Европа ќе настапуваат победниците од последните четири сезони на Лигата на шампионите и Луга Европа.

  • Прес-конференцијата на Џани Инфантино по донесената одлука: