• Саше Љолес
Екипата на Атлетико Мадрид не успеа да го победи Галатасарај во Истанбул и ремизираше со конечни 1-1 (1-1) во натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите.
Гостите од Шпанија одлично го започнаа мечот и дојдоа до предност по само четири минути игра, кога мрежата ја затресе Џулијано Симеоне, но Галата успеа да возврати по автоголот на Маркос Љоренте во дваесеттата минута.
- Галатасарај - Атлетико Мадрид 1-1:
На паузата резултатот гласеше 1-1, а во второто полувреме видовме уште неколку добри шанси за „јорганџиите“, но останаа без втор погодок во домашната мрежа, и покрај големата иницијатива и шесте удари во рамките на голот.
За Атлетико Мадрид ова е прво реми сезонава, но засега останува во Топ-8 екипите на табелата, додека Галатасарај стигна до вкупно десет бодови и има големи шанси за пласман во плеј-офот.
Возбудлив фудбал беше проследен на натпреварот помеѓу Карабах и Ајнтрахт Франкфурт, кој заврши со конечни 3-2 (1-1). Херој на домаќините беше Балул Мустафазада, кој го постави конечниот резултат во 94. минута од натпреварот.
Двата гола за Карабах беа дело на Колумбиецот Камило Дуран, додека за Ајнтрахт стрелаа Турчинот Чан Узун и Алжирецот Фарес Чаиби. Кога сите мислеа дека мечот ќе заврши со реми, стигна демантот од херојот Мустафазада, кој го запечати третиот сезонски триумф во елитниот ранг на УЕФА.
- Карабах - Ајнтрахт Франкфурт 3-2:
Германскиот тим е во долниот дел на табелата со четири освоени бодови, додека Карабах сега има десет бодови и реални шанси за пласман во разигрувањето.






