ВИДЕО: Самарџиќ во 96. минута ја сруши Болоња, солидна минутажа за Елмас!

Екипата на Аталанта успеа да ја надигра Болоња во последната секунда и славеше со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од второто коло на италијанската Серија А. 

  • Извештај од натпреварот:

Првите триесетина минути беа скоро приспивни за публиката, без поголеми возбудувања, а кон финишот на полувремето Болоња се закани двапати, но не успеа да го отвори резултатот. 

Аталанта во второто полувреме ја имаше топката и кружеше постојано околу шеснаесетникот, но гостите беа тие што имаа понокнретни шанси. Болоња ја погоди стативата, а исто така се закани преку Бернардески и Фергусон. 

Ељиф Елмас доби шанса во 56. минута и одигра солидно за својот нов клуб. Се чинеше дека Болоња за нијанса повеќе заслужи победа, но на крајот се случи сосема спротивното. Се играше веќе 96. минута, кога Лазар Самарџиќ упати еден удар од дваесетина метри, а голманот Скорупски не реагираше најдобро и ја пропушти топката во мрежата. Радоста беше огромна, затоа што веројатно и навивачите знаеја дека нивните миленици можеа лесно да доживеат сосема поинаков епилог. Аталанта сега има шест бода од два меча, а Болоња впиша уште еден несреќен пораз на стартот од сезоната. 

Болоња во следното коло ќе го пречека Сасуоло, додека Аталанта ќе патува на тешко гостување кај Рома. 

Состави

Маурицио Сари

4-3-3

    Доменико Тедеско

    4-2-3-1