Салиу ја доби довербата од раководството и пак ќе го води тимот на Арсими

Екипата на Арсими експресно најде замена за Бујар Ислами, кој денес се раздели со клубот. Оставката на поранешниот тренер на Ренова, кој дојде како голем адут во новајлијата во второлигашкото друштво, доаѓа по поразот од Саса.

Нов предводник на второлигашот ќе биде помошникот на Ислами, Вилдан Салиу.

„По консултации и анализи, актуелниот асистент и тренер на нашиот тим во најуспешниот период на клубот, Вилдан Салиу, ја прифати оваа голема одговорност. На нашиот нов стручен штаб му посакуваме голем успех во иднина“, се вели во клупското соопштение. 

Арсими по седум одиграни кола се наоѓа на деветтото место во ВМФЛ, со девет освоени бода.