• Саше Љолес
Екипата на Баерн Минхен забележа неочекуван пораз на вчерашниот натпревар против Баер Леверкузен и падна на второто место во Бундеслигата, препуштајќи го врвот на Борусија Дортмунд,
Натпреварот започна добро за гигантот од Минхен, гостинот поведе со 0-1 преку Кимих, но во вториот дел Баер Леверкузен направи целосен пресврт и постигна два гола од пенал, со што „фармацевтите“ извојуваа важна победа во Бундеслигата.
Големото разочарување беше видливо на лицата на сите фудбалери на Баварците, но најгласен и најдиректен беше спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.
Salihamidžić: "This is not what FC Bayern is all about. There was so little drive, mentality, duels. This team is so good when the mentality is there right from the start, but just as bad when they don't show mentality and think they can do everything just with their quality."
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 19, 2023
„Ова не беше Баерн, ова беше некој друг тим. Немавме добар пристап, многу малку дуели, малку борба. Вака не треба да изгледа тим што се бори за трофеи на сите фронтови. Тимот е добар само кога менталитетот е добар, Играчите не смеат да се потпираат на нивниот индивидуален квалитет, менталитетот го создава целиот тим, не секогаш можеме да добиваме натревари на таков начин. Вчера одигравме катастрофално, не сум воопшто задоволен“, изјавил Салихамиџиќ.
Одредени медиуми во Германија објавија дека Хасан доста жестоко реагирал и денес во тренинг-центарот на Баерн Минхен и бил незадоволен од изданието на неговиот тим. Баварците сега имаат еден бод помалку од Борусија Дортмунд, а трката за шампионскиот трофеј во Бундеслигата ќе биде навистина интересна.