Салихамиџиќ добива мало богатство за отказот од Баерн

Хасан Салихамиџиќ ќе ја напушти функцијата спортски директор во Баерн Минхен, клубот веќе официјално го најави тоа, а и поранешниот босански фудбалер го потврди заминувањето. 

Многу германски медиуми шпекулираа дека одамна „пукнала тиквата“ во односите на Салихамиџиќ со одредени играчи во тимот кои се жалеле кај управата дека Босанецот малку претерува со своите потези. Се вели дека дел од фудбалерите со радост ја приимиле веста за заминувањето на Салихамиџиќ, а тој лично напиша на социјалните мрежи дека му е многу жал што го напушта славниот германски клуб. 

Сепак, Босанецот ќе добие и отштета поради предвременото раскинување на договорот, а медиумите споменуваат сума од околу 1,5 милиони евра. Не е познато дали Салихамиџиќ ќе се одлучи да не ги побара овие средства, но некои медиуми велат дека можно е да ги земе до последен цент. Легендата на Баерн Минхен на помалку неславен начин ја завршува последната сезона во клубот, но сепак годинава заврши триумфално, со освојување на шампионската титула во последното коло, а во неговиот мандат Баерн беше и европски шампион во 2020 година. 

Хасан Салихамиџиќ беше спортски директор на Баерн Минхен во последните шест години, а на неговото место ќе биде поставен досегашниот потпретседател на Извршниот одбор, Жан-Кристиан Дресен.