Салернитана во Илија Несторовски гледа спас на сезоната

Без разлика што долго време беше отсутен од терените заради повреда и полека се враќа во натпреварувачки ритам. интересот за Илија Несторовски во Италија не стивнува. Новиот прволигаш и „фенерџија“ во Серија А, Салернитана застана во редот за потпис на македонскиот репрезентативец. 

Салернитана постигна само 13 голови во досегашниот дел на сезоната и очајно пара напаѓач кој ќе ги помести од дното на табелата. Со оглед на тоа што Несторовски не е прв избор во Удине, преминот на југот на Италија не е невозможен.

Салернитана сака да го доведе прилепчанецот до крајот на јануари, кога завршува зимскиот преоден рок. Деновиве македонскиот напаѓач се поврзува и со со Виченца, Монца, Лече и Кротоне.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк