• Иван Димовски

Ливерпул кратко после решавачкиот дуел со Салзбург во Австрија, објави дека играчот од нападот на австриската екипа Такуми Минамино е нов играч на клубот. Англичаните го победија противникот со 2-0, а Јапонецот ги одигра сите 90 минути.
Со сигурност младиот играч ќе биде од помош за потешкиот дел од сезоната, кога ќе се решава трката за титулата во Премиер лигата, но и нокаут рундите од Лигата на шампионите.
Со оглед на тоа што во минатите четири години Ливерпул дури трипати „пазареше“ во Салцбург, австријската екипа на својот Твитер профил одлучи да се пошегува со „црвените“. Тие ги објавија трансферите на играчи кои Ливерпул ги купил од нив, со две празни места за наредните четири години.
- Објавата на Салцбург:
Hey @LFC, who's next?
// #Mane #Keita #Minamino #MadeinSalzburg pic.twitter.com/4XYO87OKSh
— FC Red Bull Salzburg (@RedBullSalzburg) December 19, 2019
Се работи за нагласување дека на секои две години Англичаните купуваат по еден фудбалер од Австрија, во 2016 тоа беше Садио Мане, а две години подоцна дојде и Наби Кеита. Иако Кеита дојде од РБ Лајпциг, познато е дека двете екипи се спонзорирани од иста компанија, но и играчот во Европа првпат играше за Салцбург пред да премине во Германија.