Салцбург се мачеше, но победи во генералката пред дуелот со Шкендија во ЛШ!

Фудбалерите на Ред Бул Салцбург, противникот на Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, имаа успешна генералка пред дуелот со македонскиот шампион и победија по вторпат во две кола во австриската Бундеслига.

Шампионот на Австрија гостуваше кај Матерзбург, каде немаше голови се до 93, минута. Тогаш, со прекрасен погодок од повеќе од 30 метри на бразилскиот интернационалец Андре Рамаљо Силва, Салцбург поведе со 0-1.

Две минути подоцна, „биковите“ уште еднаш ја затресоа домашната мрежа за 0-2 преку Израелецот Мунас Дабур за конечни 0-2 и успешна генералка пред првиот натпревар со Шкендија.