ВИДЕО: Салцбург покажа супер-моќ и лесно го освои Купот на Австрија

Прв натпревар по рестартот на фудбалот во Австрија и веднаш трофеј. Салцбург е освојувач на Купот на Австрија во фудбал, откако во нерамноправно финале на „Вортерсе Арена“ во Клагенфурт, го декласира второлигашот Австрија Лустенау со 5-0 (2-0).

Првакот на австриската Бундеслига во две минути го реши прашањето на победникот, откако Слобадли во 20. минута го отвори резултатот, а само една минута подоцна Стумбергер ја затресе сопствената мрежа. Окафор во 54. минута зголеми на 3-0, а дебаклот на Австрија Лустенау го комплетираа Ашимеру и Коита.

  • Извештај од натпреварот: 

Ова е прв чекор на Салцбург кон двојната круна, бидејќи по одлуката на австриската Бундеслига да го казни ЛАСК Линц со одземање на шест бода, заради недозволено тренирање во време на социјална дистанца во земјата, Салцбург и во плеј-офот на шампионатот ќе влезе како фаворит, бидејќи има три бода предност. 

Следниот викенд е предвидено продолжувањето на шампионатот на Австрија, со плеј-оф и плеј-аут.