• Горан Упале
Австрискиот шампион Ред Бул Салцбург денес му ја врачи оставката на тренерот Матијас Џејле поради тоа што, без знаење на клубот, преговарал со Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
„Ред Бул Салцбург го отпушти тренерот Матијас Џејсле. Причината е тоа што 35-годишниот Германец изрази желба да се пресели во Ал-Ахли два дена пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата. Неговите преговори со саудискиот клуб во врска со термините влегоа во завршна фаза“, стои во соопштението на австрискиот шампион.
Генералниот директор на Салцбург, Стефан Рајтер го дополни целиот случај.
„Нашиот став е дека тренер кој е толку зафатен со барање нова работа на само два дена пред почетокот на една многу важна сезона, не треба да биде на клупата. Сакаме да ја започнеме новата сезона со нова енергија и решителност. Ни требаат сите да бидат 100% фокусирани на својата работа“, изјави Рајтер и потврди дека тимот ќе го водат Флоренс Кох и Александар Хаузер до именување на нов тренер.
Младиот тренер, кој шанса доби во 2021 година и го потврди својот талент освојувајќи две титули и промовирајќи млади играчи, по отказот во Салцбург веќе нема никакви пречки да го преземе клубот од Саудиска Арабија, каде што настапува нашиот Езџан Алиоски.
Повеќе околу трансферите во Македонија и во светот прочитајте на ОВОЈ линк.