• Зоран Мишевски

Полуфиналистот на Лига Европа, екипата на Салцбург ги залечи раните од чудната елиминација од Олимпик Марсеј и ја освои и петтата последователна титула во австриската Бундеслига. Со победата против Штурм со 4-1, Салцбург веќе има недостижна предност од 14 бода на три кола пред крајот на шампионатот.
Откако Ред Бул е спонзор на клубот од 2005 година, во последните 12 сезони, оваа екипа освои девет титули првак на Австрија.