ВИДЕО: Салцбург гази и без Халанд, шест гола и чекор плус кон титулата во Австрија

Паузата поради коронавирусот им направи услуга на играчите од Салцбург кои како најголем победник се вратија на фудбалот во Австрија. ЛАСК беше казнет и му беа одземени шест бодови, што значеше значителна предност за ривалот. 

Иако по заминувањето на Ерлинг Халанд, Салзбург се мачеше, конечно се врати и покажа дека може и без него. Денес, го демолираше противникот и од гостувањето кај Хартберг се враќа со победа од 0-6 (0-4). Машинеријата во нападот одново проработе и клубот стигна до 82 постигнати голови на 24 средби во Бундеслигата. 

Уште во првото полувреме Салцбург стигна до четири голови позитива, а меѓу стрелците се запишаа Дака, Мвепу и Коита. Веднаш на стартот од вториот дел, гостинот ја потврди победата со брзиот втор гол на Дака, а во самиот финиш стрелаше и Окафор. 

  • Извештај од натпреварот: 

Ривалите за приматот во Австрија, Волфсбергер и ЛАСК одиграа драматично реми од 3-3, па сега Салцбург има седум бодови повеќе од Волфсебергер и осум од ЛАСК.