Салах: Знаев дека поради судијата ќе загубиме, ако сè беше фер – ќе ја победевме Аргентина

Мохамед Салах беше разочаран и незадоволен по елиминацијата на Египет од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство.

Капитенот на Египет посебно се осврна на ситуацијата во која бараше пенал, но главниот судија Франсоа Летексие само одмавна со раката и не покажа на белата точка.

„Му кажав да се врати и да ја погледне снимката, затоа што тоа беше чист пенал, но тој само одмавна и ми рече: ‘Не, тоа не е прекршок’“, изјави Салах.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул потоа посочи дека, според него, сличен контакт претходно довел до поништен втор гол на Египет.

„Иронично, тоа беше ист тип на дуел поради кој ни беше поништен гол. Во тој момент знаев дека го загубивме натпреварот поради судијата. Тука не можете ништо. Да беше судењето фер, ќе победевме“, додаде Салах.

Инаку, Египет имаше водство од 2-0, но во финишот Аргентина се избори за епски пресврт и славеше со 3-2.

Состави

Лионел Скалони

4-1-3-2

    Hossam Hassan

    4-2-3-1