ВИДЕО: Салах супер-асистент, Египет ја положи „генералката“ пред Купот на нации

Домаќинот на следниот Куп на африкански нации кој почнува за една недела, селекцијата на Египет, убедливо ја надигра Гвинеја во последниот тест за Салах и другарите пред континенталниот собир.

Ѕвездата на Ливерпул одигра одличен натпревар, главно подготвуваше и додаваше, но не се запиша меѓу стрелците. Мосен, Ахмет Али и Габер во самиот финишт ги постигнаа головите за египетската селекција во победата од 3-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Во пријателски натпревар Замбија го изненади Мароко, победувајќи го со 2-3, а со истиот резултат Алжир беше подобар од Мали.