ВИДЕО: Салах со супер-волеј донесе прва победа на Египет на АКН

Фудбалската селекција на Египет ја запиша првата победа на Африканскиот Куп на Нации и го поправи впечатокот по неочекуваниот пораз од Нигарија на отворањето на групата фаза на турнирот во Камерум.

Сите предвидувања беа дека еден од главните фаворити за највисок пласман на континенталниот собир, вечерва ќе слави лесна и убедлива победа над Гвинеа Бисау, но Египет наиде на тврд и добро организиран противник, кој знаеше како да се одбрани. Сепак, за многумина најдобриот фудбалер на денешницата, Мохамед Салах, кога беше најпотребно со супер-волеј го надмудри противничкиот голман и на својата селекција ѝ донесе значајна победа од 0-1.

  • Извештај од натпреварот:

Малку фалеше Египет да остане без победа и на вториот меч во групата Д, откако во 86. минута поради прекршок ВАР го поништи голот на Мама Балде.

Во следното коло Египет ќе мора да победа против Судан, доколку сака да обезбеди директен пласман во плеј-офот, додека Гвинеа Бисау ја чека меч со фаворизираната Нигерија