Салах скршен: Нема оправдување, потфливме!

Со победата на Манчестер Јунајтед врз Челзи и официјално се затвори кругот на четирите патници од Премиер лигата во Лигата на шампионите. Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл се патниците во елитното натпреварување, додека Ливерпул кој имаше турбулентна сезона извиси. 

По синоќешниот расплет на ситуацијата, се огласи првата ѕвезда на „црвените“, Мохамед Салах. Еѓипќанецот беше скршен, упати критики до целиот тим и призна дека сите заедно потфрлиле.

„Целосно сум скршен. Апсолутно нема оправдување за ова што се случи. Имавме сè што ни е потребно да се пласираме во Лигата на шампионите и не успеавме. Ние сме Ливерпул, за нас пласманот е апсолутен минимум. Се извинувам, но прерано е за објава која ќе биде оптимистична. Ве изневеривме вас, но и самите себе“, напиша Салах. 

Во последното првенствено коло Ливерпул ќе се судри со Саутемптон, во натпревар без никакво резултатско значење.