Салах си ја одреди цената, Ливерпул сега е на потег

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах игра во животна форма, а управата на Ливерпул инсистира на потпишување на нов договор со играчот затоа што нивната соработка истекува следната година.

„Фараонот“ му даде хет-трик на Манчестер Јунајтед во убедливата победа на „Олд Трафорд“ (0-5), а по натпреварот, англиските медиуми велат дека тој имал состанок со управата и си ја одредил цената за и понатаму да остане дел од екипата.

Се работи за плата од 500.000 фунти неделно. Тоа е скоро двојно од актуелната, затоа што заработува 220.000 фунти. Договорот меѓу Ливерпул и Салах истекува во јуни 2023 година.

Салах на „Енфилд Роуд“ пристигна во 2017 година од редовите на Рома и досега одигра 154 меча на кои има 105 гола.