• Горан Упале

Најавениот трансфер на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика вистински потрес во фудбалска Европа. Според турските медиуми, Египќанецот договорил 17 милиони евра нето по сезона, со можност заработката да достигне 22 милиони евра преку бонуси, што би било рекордна плата во историјата на турскиот фудбал.
Во договорот наводно е вклучена и посебна клаузула според која Салах ќе добива процент од продажбата на дресови и клупски реквизити со неговиот лик. Сепак, и покрај спектакуларната заработка, поранешниот ас на Ливерпул е далеку од самиот светски врв кога станува збор за најплатените фудбалери.
Неприкосновен лидер и понатаму е Кристијано Роналдо, кој во Ал Наср заработува околу 200 милиони евра годишно, а со спонзорските договори неговите приходи надминуваат 240 милиони евра.
На второто место е Карим Бензема, кој во Саудиска Арабија инкасира околу 100 милиони евра по сезона, додека трет е Лионел Меси. Иако ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија, Аргентинецот во Интер Мајами преку плата и бројни комерцијални договори заработува повеќе од 70 милиони евра годишно.
Така, иако Салах ќе стане најплатениот фудбалер во Европа, глобално неговите примања сè уште се значително пониски од оние на трите најголеми светски ѕвезди.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




