Салах се повреди, но не стравува од сериозни последици за Арсенал

Мохамед Салах ја потврди победата на Ливерпул против Брајтон, меѓутоа доживеа повреда и мораше да биде заменет. На негово место влезе Диого Жота, но египетскиот фудбалер смета дека по дваесеттиот гол сезонава не доживеал тешка повреда.

„Салах мисли позитивно и тврди дека повредата не е сериозна. Но, ќе видиме. Мислам дека тој се повреди во обид да шутира и се здоби со истегнување“, изјави Клоп по натпреварот.

Наредниот натпревар за Ливерпул е в среда, кога тимот гостува кај Арсенал во одложен натпревар од Премиер лигата и се очекува Салах да биде во комбинација за настап.

Состави

Graham Potter

3-5-2

    Јирген Клоп

    4-3-3