Салах против Мане – кој ќе биде владетел на Африка?

Мане

Титулата на Афричкиот Куп на Нации ќе биде доделена на победникот на денешното финале во кое силите ќе ги одмерат Сенегал и Египет.

Тоа ќе биде судир на Мохамед Салах и Садио Мане, соиграчите од редовите на Ливерпул. Вечерва ќе мора да играат на спротивна страна во обид да донесат голема радост за својата држава и репрезентација.

Афричкиот Куп не донесе големи возбудувања во изминатите две недели. Меѓутоа драмата не изостана, со оглед на тоа што многу натпревари беа одлучени по продолженијата и шутирањето пенали. 

Фаворит за трофејот е сенегалската репрезентација, која никогаш не се радувала на ова одличје. Мане запиша гол и асистенција на секој меч во нокаут фазата и важи за најдобар играч на турнирот досега.

Египетскиот тим седум пати бил на тронот на Африка. Но, на овогодишното натпреварување со големи проблеми стигна до финалната пресметка. Салах не игра сјајно и има само два погодоци, но сето тоа се заборава пред мечот за титула.

Финалето на АКН се игра вечерва со почеток од 20:00 часот.