• Мартин Танасковски
Репрезентацијата на Египет забележа важна победа во квалификациите за Африканскиот Куп на нации (АКН), благодарение на Мохамед Салах, кој постигна гол во самиот финиш и донесе триумф од 3-2 над Тунис.
Тунижаните беа на лидерското место, но по поразот од Египет, сега првата позиција им припаѓа на „фараоните“. Човек на одлука во мечот беше Мохамед Абу Салах, кој во самиот финиш по едно проигрување со соиграч погоди во стилот на Лионел Меси и го реши противникот.
Salah with the 90th minute winner against Tunisia! pic.twitter.com/5ml3qXAxAJ
— . (@VintageSalah) November 16, 2018
Египет е прв во групата со 12 бода, исто колку што има и Тунис. Во последното коло „фараоните“ играат со Нигер и се очекува со лесна победа како први да одат на Африканскиот Куп на нациите.