Салах останува верен на Ливерпул, ќе стане најплатен играч во Премиер лигата

Мохамед Салах

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, наскоро би можел да добие понуда која што не се одбива.

Никој не може да го замисли тимот од „Енфилд“ без египетскиот фудбалер, па затоа управата подготви нов богат договор. Со истиот голгетерот ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата, ќе инкасира 25 милиони годишно и ќе заостанува само зад примањата на Меси, Роналдо и Нејмар.

За него постои интерес од Реал Мадрид и Барселона, но тешко е да се очекува Салах да си замине од Англија.

Минатата сезона, египетскиот интернационалец ја заврши на врвот на листата на стрелци во Премиер лигата со 22 погодоци.