Салах: Јас сум најдобар на својата позиција, не можете да ме споредувате со други

Салах

Мохамед Салах се прогласи за „најдобар фудбалер“ на светот на неговата позиција. Египетскиот интернационалец даде ваква изјава кога ја прими наградата за најдобар играч од Асоцијацијата на фудбалски новинари.

„Ако ме споредите со кој било играч на мојата позиција, не само во мојот тим туку и во целиот свет, ќе видите дека сум најдобар. Пред 2018 година, некои луѓе велеа дека не можам да направам ништо кога си заминував од Челзи, но отидов напред и направив големи работи“, рече офанзивецот на Ливерпул.

Претходно Салах посака да се сретне со Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите. Желбата ќе му се исполни на 28 мај, кога ќе игра за одмазда за случувањата на последниот судир против „кралевите“ пред четири години.