
Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, прикажа одлична форма на дуелот против Челзи во рамки од Суперкупот на Европа.
Во регуларниот дел од натпреварот си поигруваше со противничките играчи, а беше успешен реализатор во пенал-рулетот. Египетскиот офанзивец беше вистинска ноќна мора за „сините“ кои добија два „тунели“ за само пет секунди.
Прва жртва му беше Жоржињо, а потоа на истиот трик наседна младиот Мејсон Монт.