• Иван Димовски
Фудбалерите на Нигерија го освоија бронзениот медал во „малото финале“ на Афиканскиот Куп на нации, откако подобро изведуваа пенали (2-4) од Египет. Натпреварот на „Мохамед Петти“ во Казабланка понуди голема борба, но не и голови во регуларното време и победникот се решаваше во пенал рулетот.
Се играше целосно израмнет дуел, а Нигеријците немаа среќа во две ситуации. Во првото полувреме патот до мрежата на ривалот го пронајде Самуел Чуквуезе, меѓутоа со помош на ВАР реакција голот беше поништен поради прекршок. На стартот на вториот дел стрела и Адемола Лукман, но беше во недозволена позиција.
До крајот на средбата резултатот остана непроменет, па се прејде кон изведување на удари од белата точка.
- Извештај од натпреварот:
Иако Деле-Баширу прв промаши за Нигерија, премиерлигашките ѕвезди Мохамед Салах и Омар Мармуш не реализираа во првите две серии. Токму таа разлика на крајот се покажа како клучна и Нигеријците стигнаа до победата.



