Салах го избра новиот клуб и станува најплатениот фудбалер во Европа!?

Мохамед Салах е на чекор од сензационален трансфер во Трабзонспор, откако ги прифатил условите на турскиот клуб и наскоро треба официјално да стави потпис на двегодишен договор.

Според турските медиуми, египетскиот ас ќе заработува 17 милиони евра нето по сезона, а со бонусите сумата може да достигне и до 22 милиони евра годишно. Со тоа Салах ќе стане фудбалер со највисока основна годишна плата во европскиот фудбал.

1.    Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 16.630.000 евра 
2.    Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 15.600.000 евра 
3.    Виктор Осимен (Галатасарај) – 15.000.000 евра 
4.    Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 15.000.000 евра 
5.    Џамал Мусијала (Баерн Минхен) – 13.300.000 евра 
6.    Хари Кејн (Баерн Минхен) – 13.200.000 евра 
7.    Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 11.700.000 евра 
8.    Едерсон (Фенербахче) – 11.000.000 евра 
9.    Јан Облак (Атлетико Мадрид) – 10.400.000 евра 
10.    Дајо Упамекано (Баерн Минхен) – 10.400.000 евра 
11.    Џошуа Кимих (Баерн Минхен) – 10.400.000 евра 
12.    Џуд Белингем (Реал Мадрид) – 10.000.000 евра 
13.    Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 9.670.000 евра 
14.    Букајо Сака (Арсенал) – 9.670.000 евра 
15.    Џек Грилиш (Манчестер Сити) – 9.670.000 евра 
16.    Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед) – 9.500.000 евра 
17.    Омар Мармуш (Манчестер Сити) – 9.350.000 евра 
18.    Усман Дембеле (ПСЖ) – 9.100.000 евра 
19.    Лерој Сане (Галатасарај) – 9.000.000 евра 
20.    Лаутаро Мартинез (Интер) – 9.000.000 евра 

Се наведува дека останува да се договорат уште последните детали од договорот, по што Трабзонспор ќе испрати приватен авион по поранешната ѕвезда на Ливерпул, која моментално се наоѓа на одмор во Грција.

Салах, кој летово остана слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул, имаше понуди од Саудиска Арабија, МЛС и Бешикташ, но на крајот ја избрал понудата на Трабзонспор.

Турскиот клуб му понудил и посебни услови, процент од продажбата на неговите дресови, како и поголема контрола врз маркетиншките активности и користењето на неговиот лик на социјалните мрежи.

Трабзонспор веќе потроши повеќе од 40 милиони евра на засилувања ова лето, но евентуалниот потпис на Салах без дилема би бил најголемиот трансфер во историјата на клубот и еден од најзвучните што некогаш се случиле во турскиот фудбал.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.