Салах го даде СТОТИОТ погодок во Ливерпул и се смести високо на оваа листа

Дербито на Мерсисајд заврши со драма и без победник, па Анчелоти и Клоп мораа да се задоволат со по еден погодок (2-2). Голови, повреди, шанси и црвен картон, практично ништо не очекувано за градската пресметка на Евертон и Ливерпул

Мохамед Салах беше стрелец на вториот погодок за Ливерпул, кога одбиена топка лесно ја смести во мрежата за 1-2. За него, тоа беше стотиот гол во дресот на „црвените“.

Според статистиките, Египќанецот се смести на третото место од листата на играчи кои најбргу стигнале до сто погодоци за Ливерпул, зад Роџер Хант и Џек Паркинсон. На Салах, тоа му појде од рака на 159 натпревари во оваа шампионска генерација на Клоп.