ВИДЕО: Салах го даде клучниот пенал, Египет преку БСК во следна фаза на АКН

Фудбалската репрезентација на Египет патува во четвртфиналето на Африканскиот Куп на Нации, откако по пенали ја елиминира селекцијата на Брегот на Слоновата Коска (0-0 регуларен дел, 4-5 пенали) во дерби-пресметката која се одигра во Дуала.

  • Извештај од натпреварот:

„Фараоните“ и „слоновите“ понудија атрактивни деведесет минути кога се говори за играта и за шансите, меѓутоа сиромашни кога ќе се избројат головите. Имаа Салах и дружината многу шанси, се заканија на спротивната страна Пепе, Але и Градел, меѓутоа мрежите мируваа. Слично беше и во екстра-времето каде се играше претпазливо, па пеналите го дадоа патникот меѓу најдобрите осум на Африканскиот Куп на нации.

Изведувачките беа сигурни се до третата серија кога промаши Бејли од Брегот на Слоновата Коска откако резервниот голман Габаски кој влезе на местото на повредениот Ел Шенави го прочита неговиот удар. Египет го погоди клучниот пенал вреден четвртфинале преку Мохамед Салах.

Египет во четвртфиналето го чека нов тежок дуел, овој пат против Мароко.