Салах ги замолкна критичарите и зад себе ги остави легендите на Ливерпул

Салах

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, го постигна вториот погодок во победата на гостувањето кај Саутемптон.

Кога на тимот најмногу му требаше, египетскиот репрезентативец се појави и со фантастичен погодок ги најави бодовите на „Сент Мери“.

Со оваа реализација, 26-годишникот стигна до границата од 50 гола во Премиер лигата во дресот на англискиот гигант и тоа го направи на историски начин. Тој го оствари овој јубилеј најбрзо од било кој друг фудбалер во историјата на „црвените“ и уште еднаш покажа дека се работи за посебен талент.

За учинокот му беа потребни 69 натпревари, а пред него на вечната листа се само Алан Ширер (66) и Руд Ван Нистелрој (68).

Салах конечно го прекина празниот период од 55 дена без погодок и до крајот на сезоната ќе се обиде да ја врати формата која ќе биде важна доколку Ливерпул сака да ја обезбеди титулата во англиското првенство. Тимот од „Енфилд“ посакува да ги израдува своите навивачи со шампионскиот трофеј првпат по далечната 1990 година.