ВИДЕО: Салах ги собра аплаузите со спринтот долг 60 метри за да спречи контра на Порто

Мохамед Салах

Првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Порто заврши во полза на премиерлигашот кој обезбеди сигурни 2-0 пред реваншот во Португалија.

Наби Кеита и Роберто Фирмино беа стрелци на головите уште во првиот дел, а истите им овозможија на домашните фудбалери да одиграат рутински до крајот на мечот.

>>> ВИДЕО: Фирмино и Кеита го срушија Порто, Ливерпул со залиха ќе патува на „Драгао“

Одбраната на „црвените“ одигра без грешка и предводена од Виргил Дан Дијк одново успеа да ја сочува мрежата на Алисон Бекер недопрена. Во дефанзивните задачи асистираа и офанзивните фудбалери меѓу кои се издвои една акција на најдобриот голгетер на екипата Мохамед Салах.

Египетскиот репрезентативец по еден корнер на својот тим истрча спринт цели 60 метри и спречи контра напад на противникот кој можеше да заврши со реализација.

  • Погледнете ја борбеноста на Салах која му донесе стоечки овации од „Енфилд“: